Вчера беше исклучен резервниот далновод што се користеше за снабдување на нуклеарната централа Запорожје со електрична енергија од украинската мрежа за основните операции, но централата остана приклучена на еден од главните далноводи што беше обновен минатата недела, потврди денеска Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (IAEA).
„Минатата недела бевме сведоци на некои подобрувања во врска со снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа Запорожје, но денеска бевме информирани за нов прекин во снабдувањето со електрична енергија“, се вели во соопштението од канцеларијата на Гроси, пренесува „Ројтерс“.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН изјави дека има нов прекин во снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа Запорожје.