Компанијата „Пепси“ целосно го суспендираше производството на пијалоците во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
153 прегледи

Компанијата „Пепси“ целосно го суспендираше производството на пијалоците „Пепси“, „Севен Ап“, „Маунтин Ду“ и „Миринда“ во Русија, објави „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека американската компанија во изјава за „Ројтерс“ изјавила дека го прекинала производството на споменатите пијалоци во Русија.

Портпаролот на „Пепси“ рече дека одлуката е во согласност со соопштението објавено во март.

Компанијата не коментираше за продажбата на производи во Русија во иднина, пренесе ТАСС.

„Ројтерс“ нагласува дека споменатите сокови се уште може да се најдат на полиците на продавниците во Русија.

Слични содржини