Советот на Европската унија денеска соопшти дека официјално ја усвоил одлуката за итно обезбедување од пет милијарди евра дополнителна макрофинансиска помош за Украина преку поволно долгорочно кредитирање.
Министрите за финансии на ЕУ на 9 септември постигнаа начелен договор за дополнителни пет милијарди евра помош за Украина на неформалниот состанок на Советот во Прага.
Оваа макрофинансиска помош од пет милијарди евра ќе ѝ биде доделена на Украина во форма на долгорочни заеми кои се одобрени со значително поповолни услови од пазарните.