120
Министрите за надворешни работи на Групата седум најразвиени економии (Г7) денеска на состанокот во Њујорк ја потврдија подготвеноста да продолжат со соработката во обезбедувањето поддршка на Украина, изјави јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши.
Изјавата за поддршка уследи по најавата на претседателот Владимир Путин дека Русија ќе ја спроведе својата прва воена мобилизација по Втората светска војна и ќе организира референдум за анексија на делови од украинската територија, пренесува „Ројтерс“.
„Потврдивме дека земјите од Г7 работат заедно за да ја поддржат Украина и да одговорат на кризата со храна и енергија“, изјави јапонскиот министер за надворешни работи.