Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, изјави дека земјата нема да дава азил на Русите кои ја напуштаат земјата поради мобилизацијата нарачана од претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Ливанија нема да даде азил на оние кои едноставно бегаат од одговорноста. Русите треба да останат во својата земја и да се борат. Против Путин“, напиша тој на Твитер.