201
Филипинската агенција за управување со вонредни состојби денеска прогласи состојба на тревога бидејќи се очекува тропска бура со обилни врнежи и силен ветер во северните делови на земјата, кои минатиот месец беа погодени од силен циклон.
Се прогнозира дека тропската бура Нору вечерва ќе донесе дожд во неколку провинции, вклучувајќи ги Кагајан и Изабел, а утре ќе продолжи да се движи кон внатрешноста, соопштија метеоролозите, пренесува Ројтерс.