Песков за оштетувањата на „Северен тек“: Кремљ е загрижен, можеби е саботажа

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Димитриј Песков, портпаролот на Владимир Путин, денеска изјави дека оштетувањето на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ можеби е предизвикано од саботажа.

За потсетување, денеска операторот на Северен тек, компанијата „Северен тек АХ“, објави дека на тие два гасовода е забележана „невидена штета“, а Шведска објави дека гас од двата гасовода истекува во Балтичкото Море.

„Кремљ е многу загрижен“

„Во моментов не можеме да исклучиме ниту една опција“, рече Песков одговарајќи на прашањето дали саботажа е причина за оштетувањето на гасоводите.

Тој додаде дека Кремљ е „многу загрижен“ за ситуацијата со гасоводите, што бара „итна истрага“, бидејќи тоа е проблем на енергетската безбедност на „целиот континент“.