Не се очекува бегалски бран од Русија во земјава

од Берта Китинска
171 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека не очекува мигрантски бран од Русија во земјава, а во врска со големиот број на руски граѓани кои од четвртокот ја напуштаат земјата поради одлуката на претседателот Владимир Путин за делумна мобилизација на резервните сили за потребите на војната во Украина.

„Јас не очекувам кај нас некаков бран од Русија, со оглед на тоа што ние немаме конекции со Русија така како што имаат некои други држави“,рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

Прашан дали властите во земјава размислуваат за укинување на визите за руските граѓани да можат да преминат во С Македонија, Ковачевски изјави дека нема таков предлог во моментов.

Во контекст на истото прашање, дали се очекува мигрантски бран од Русија и дали руските граѓани ќе имаат ист третман како украинците, премиерот одговори дека украинските државјани имаат третман согласно меѓународните договори за згрижување бегалци од војна.

„Украинците имаат третман согласно меѓународните организации на кои ние сме членови за згрижување бегалци од војна и ние сме ги донеле сите потребни одлуки во однос на згрижување, постојано или згрижување во транзит, бидејќи дел доаѓаат и потоа заминуваат во други земји, така што тоа е третманот. Овде вашето прашање е насочено кон нешто сосема друго, за руски граѓани кои одат во држави каде што имаат директни летови. Кај нас нема директни летови“, изјави премиерот.

Слични содржини