Шолц: Германија треба да ги прими Русите кои не сакаат да се борат во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неговата земја треба да ги прими Русите кои не сакаат да се борат во војната во Украина.

„Го поддржувам нудењето заштита на овие луѓе. Секако, пред тоа треба да поминат безбедносна проверка, за да знаеме кого пуштаме во земјата“, рече Шолц.

Германската влада неодамна изрази желба да усвои заедничко решение на европско ниво во однос на односот кон руските дезертери, наведува АП.

Слични содржини