ЕУ предлага нови санкции за „Кремљ да плати за ескалацијата на конфликтот“

од Nikola Popovski

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен изјави дека е предложено да се воведе нов пакет санкции на ЕУ против Русија.

-Новиот пакет санкции против Русија е дизајниран да го „натера Кремљ да плати“ за ескалацијата на конфликтот во Украина, кој е поттикнат од мобилизацијата и „лажните референдуми кои претставуваат нелегален обид за заземање територија и насилно менување на меѓународните граници“, изјави Фон дер Лајен, објави Гардијан.

Предложената осма рунда санкции вклучува дополнителни забрани за увоз на руски производи, што се очекува да ја лиши Москва од уште седум милијарди долари приход.

ЕУ, исто така, ќе ги прошири забраните за извоз на клучните области на технологијата за војската, како што се авијациските артикли, електронските компоненти и одредени хемиски супстанции.

-Ова ќе го „ослабне капацитетот за модернизација“ на руската воена база, рече Фон дер Лејен.

Пакетот санкции ќе постави правна основа за ограничување на цената на нафтата и забрана на граѓаните на ЕУ да бидат во органите на управување на компаниите во сопственост на Русија.

-Не прифаќаме лажни референдуми и каков било вид анексија во Украина и решени сме да го натераме Кремљ да плати за оваа дополнителна ескалација, изјави претседателката на Европската комисија пред новинарите.

Слични содржини