191
САД не веруваат дека некоја членка на НАТО е вмешана во инцидентот со истекувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 што водат од Русија до Европа, изјави синоќа американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.
„Не веруваме дека ова е дело на кој било сојузник на НАТО“, изјави Саливан за новинарите во Белата куќа, пренесе Ројтерс.
Русија го обвини Западот за протекувањето, додека земјите-членки на ЕУ веруваат дека станува збор за саботажа.