133
Руските сили, наводно, го привеле генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје, Игор Мурашов и го однеле во непознат правец, соопшти украинската државна агенција Енергоатом.
Мурашов, според агенцијата, бил приведен од руските сили во петокот на пат од нуклеарната централа Запорожје до Енергодар, пренесува Интерфакс Украина.
Според извештаите, неговиот автомобил бил запрен, а Мурашов бил со врзани очи и одвезен во непознат правец.