Голем пожар во руска воена база на Крим (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
161 прегледи

Голем пожар избувна утрово во главната руска воена база на Крим.

Како што јави руската агенција Тасс, повикувајќи се на локалните власти, авионот излетал од пистата на аеродромот Белбек во Севастопол, а потоа се запалил.

„Вонредна ситуација на аеродромот Белбек. Според вработените во итната помош, при слетувањето, авионот излетал од пистата и се запалил. Во моментов на лице место работат противпожарни единици“, напиша на Телеграм рускиот гувернер на Крим, Михаил Развожајев.

Гувернерот на Севастопол ги повика граѓаните да останат смирени.

Засега нема информации за повредени.

Слични содржини