Ужас во Шпанија: Експлозија за време на научен експеримент – повредени се деца

од Берта Китинска

Најмалку 18 лица се повредени, од кои едно потешко, при експлозија на барабан со течен азот за време на научен собир во Домот на културата во Жирона, Шпанија.

Меѓу повредените има и 10 деца, од кои едно е во тешка состојба, петгодишно девојче, дознава РТВЕ.

Универзитетот во Жирона објави дека експлозијата била предизвикана од „прекумерно количество водена пареа“, а станува збор за експеримент кој редовно се спроведува на научни собири како овој, кои се одржуваат за да се доближи науката до децата.

Слични содржини