Апсење пред угостителски објект во Тетово

од Берта Китинска
159 прегледи

На 02.10.2022 во 22.55 часот пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот тетовец С.С., кој пред тоа извршил кражба во тобако на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини