Нема време за политика, сите треба да работиме за граѓаните, порача Битиќи

од Nikola Popovski

Еве јавна пофалба за курсот на опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ, за прв пат после 3 години во периоди на криза во кои што јас цело време повикувам на токму ова што опозицијата вели дека треба да се седне и да се разговара, порача потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во своето гостување на Телевизија 24.

-Во период на криза, време за политика нема, затоа што на крај на денот сите работиме за иста цел, а тоа е за граѓаните. Ние кажавме дека сметаме дека во Владата во институциите во склоп на системот се бараат решенијата, и искрено сметам дека разговорите не треба да се водат на друго место. Особено не во тесен круг, затоа сметавме дека економскиот совет е правата форма во која ќе се дебатира. Таму се сите економски чинители и од политичкиот сегмент, но и од светската фела плус универзитетската фела. Нешто налик на економскиот совет кој што го имавме кога беше ковидот. Не се носат одлуки туку се расправаат решенија и се даваат совети на Владата, а Владата е таа која понатаму ги носи одлуките, порача Битиќи, додавајќи дека очекува учество и на претставници од опозицијата.

-Присуство таму очекувам не само на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ туку и на неговиот тим од политичката партија кој што секако се добродојдени за да ги кажат своите видувања, заклучи Битиќи.

Слични содржини