190
Американскиот претседател Џо Бајден во приватен разговор најавил дека ќе се кандидира за втор мандат на следните претседателски избори во 2024 година, објави американската телевизија NBC News.
Американскиот претседател минатиот месец во приватен разговор во Белата куќа му рекол на баптистичкиот свештеник и активист за човекови права Ал Шарптон дека ќе бара втор мандат, дознава американската телевизија.
Иако сојузниците на Бајден рекоа дека тој ќе бара реизбор, тој не сакаше да го каже тоа недвосмислено, а неговите изјави до Шарптон на крајот од состанокот со лидерите на неколку истакнати организации за човекови права претставуваат најсилното тврдење досега дека тој ќе се кандидира повторно за претседател.