194
Русија нема да ги прекине сите контакти со Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, а идната соработка ќе зависи од оценките претставени во последниот извештај на комесарот со кои Москва не се согласува, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершињин.
Според него, Русија не може да ги прифати оценките изнесени во 34-от извештај на комесарот за човекови права во Украина за периодот од февруари до крајот на јули годинава бидејќи тие не се објективни и сеопфатни.
Русија треба да одржува контакти со комесарот на ОН за да има можност да добива информации, изјави Вершињин.