185
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се проширува одложувањето на делумната мобилизација за студенти на дополнителни категории академици.
Како што објасни, со уредбата се одложува и мобилизацијата за запишаните на акредитирани приватни универзитети и одредени студенти на постдипломски студии, пренесува „Ројтерс“.
На 21 септември, на предлог на министерството за одбрана и Генералштабот, Путин објави делумна мобилизација на резервните сили, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу објасни дека планираното регрутирање е до 300.000 луѓе.