IAEA испраќа четворица нови експерти во нуклеарната централа Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Во нуклеарната централа Запорожје денеска треба да пристигне четиричлен тим од експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), кој ќе го замени претходниот тим од двајца експерти на агенцијата, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на извештај на руските медиуми.

„Тие ќе престојуваат во нуклеарната централа, исто како и нивните претходници“, најави шефот на проруската администрација на Енергодар, пренесе „Интерфакс“.

На почетокот на септември, нуклеарниот објект го посети мисијата на IAEA предводена од генералниот директор Рафаел Гроси.

Слични содржини