Познатата тјунинг компанија ABT подготви ново ограничено издание на актуелното Audi RS3, овде наречено RS3-R Limited Edition.
RS3-R Limited Edition ќе се нуди во серија од само 200 примероци, а тоа е возило со стандарден 2,5-литарски петцилиндричен турбо мотор кој сè уште има фабрички 400 КС и 500 Nm вртежен момент (спарен со 7- брзински автоматски менувач и погон на сите тркала).
Затоа ABT одлучи да не го допира погонот засега и наместо тоа се фокусираше на други модификации за подобрување на севкупните перформанси и изглед. Ова вклучува лесни 20-инчни тркала ABT HR 20, ABT пружини (автомобилот е понизок за 25 mm напред и 30 mm назад), ABT шипки против превртување, издувен систем од не’рѓосувачки челик со мат црни завршници и „аеро боди“ пакет од јаглеродни влакна (преден спојлер, капаци на ретровизорите, додаток на задниот браник…).
За внатрешноста, ABT обезбеди, меѓу другото, нови патосници и прагови, а има и влезни светла на ABT кои светат на земја кога се отвораат вратите.
ABT вели дека пакетот RS3-R ќе започне со испорака на почетокот на следната година.