Откако денеска во раните утрински часови експлодираше камион на мостот на Крим, на руските канали Телеграм беше објавена слика од камионот, како и информација каде се движи.
– Камионот што експлодира на мостот на Крим најверојатно дошол од Краснодар. Денеска во 06:15 часот дошло до експлозија. Претходно, црвен камион, натоварен со експлозив, можеше да помине низ столбот ГИБДД и детонираше на мостот. Километражата на камионот – 870.000 км.
— Pluton (@Pluton45873221) October 8, 2022
Откако екплодирал камионот пламенот зафатил седум цистерни со гориво од возот што во тој момент минувал преку железничкиот дел од мостот, соопшти Рускиот национален антитерористички комитет.
– Утрово во 6 часот и 7 минути на коловозот на мостот Крим од страната на полуостровот Таман експлодирал камион, при што се запалиле резервоарите со гориво на возот што сообраќал во правец на полуостровот Крим. – се прецизира во соопштението.
— Pluton (@Pluton45873221) October 8, 2022
Шефот на кримскиот парламент Владимир Константинов изјави дека „украинските вандали“ се одговорни за денешната експлозија на мостот на Крим – пренесува РИА Новости.
– Украинските вандали успеаја со крвави раце да го фатат мостот на Крим. Тие сега имаат со што да се фалат, за 23 години што го управуваа полуостровот не успеаја да изградат ништо вредно за внимание, а сега успеаја да уништат дел од мостот – напиша тој на својот канал Телеграм.