Шолц: Треба да се заштитат Русите кои бегаат од мобилизацијата на Путин

од Destan Jonuzi
153 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц се заложи за обезбедување заштита на руските регрути кои бегаат од Русија и бараат заштита во Германија, објавија денеска германските медиуми.

„Јас сум за обезбедување заштита на овие луѓе”, рече Шолц во интервју за весникот „Ноје оснабрикер цајтунг”, одговарајќи на прашањето дали регрутите кои нема да одговорат на повикот за мобилизација во Русија треба да добијат политички азил.

Тој додаде дека пред да се обезбеди заштита, треба да се извршат брзи безбедносни проверки на секој поединечен апликант.

„Се разбира, пред да обезбедиме заштита, секој апликант мора да го подложиме на темелна безбедносна проверка, бидејќи треба да знаеме кого пуштаме во земјата”, рече канцеларот.

Слични содржини