Италијанското Министерство за транзиција на животната средина потпиша нова регулатива за заштеда на енергија со која се воведуваат построги ограничувања за користење на греење на гас во текот на зимата.
Како што се наведува во соопштението, дневниот период на греење во земјава ќе се скрати за еден час дневно, додека вкупната зимска грејна сезона ќе се скрати за 15 дена, „со доцнење на датумот на вклучување за осум дена и исклучување на греење седум дена порано
Регулативата, исто така, ја заострува границата на вредностите на внатрешната температура, според која деловните субјекти се обврзани да не надминуваат 18 °C, а граѓаните да го постават греењето на максимални 19 °C.
Новите ограничувања нема да важат за „места за богослужба, јасли, градинки“ ниту за „згради чии системи за греење се потпираат на обновливи извори на енергија“, објави италијанското министерство.