Неколку експлозии го потресоа денеска главниот град на Украина, Киев, а во нападот има загинати и ранети, изјави портпаролот на Државната служба за вонредни состојби за јавниот сервис „Сусплина“.
„Деталите се уште се утврдуваат“, додаде портпаролот, пренесе „Ројтерс“.
Малку порано градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека во централниот дел на Киев се слушнале неколку експлозии.