226
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека ќе се одмазди за денешните руски ракетни напади кои погодија бројни градови ширум Украина.
„Има жртви меѓу луѓето, има уништување. Непријателот ќе биде казнет за болката и смртта што ги сее во нашата земја. Ќе се одмаздиме“, соопшти Министерството за одбрана на својата Фејсбук страница, пренесе „Ројтерс“.
Украинските власти соопштија дека досега се идентификувани одреден број жртви и ранети во Киев.