„Нема причина Бугарија да не ја потпише декларацијата за влез на Украина во НАТО. Не кажува кога тоа ќе се случи. Румен Радев ја претвора Бугарија во политички остров и ја изолира земјата“, коментира Даниел Лорер од „Продолжуваме со промената“ во bTV.
„Претседателството треба да го обедини бугарскиот народ. Претседателството и преодните влади се политизирани затоа што се обидуваат да креираат и водат државни политики. Пример за тоа е потрагата по нови борбени авиони токму во овој момент“, посочи тој.
„Доколку има предлог за испраќање воена опрема во Украина, ние ќе го поддржиме“, најави Лорер.
„Во оваа фаза, ние веруваме дека целата одговорност за да падне една влада е на „Има таков народ“, ГЕРБ и ДПС. Сега ГЕРБ и ДПС се во парламентот – тоа е нивна одговорност, откако гласачот им го дал првото место на изборите, за да се формира мнозинство“, прокоментира поранешниот министер за иновации.