По неколку години одложување, започна производството на Semi камионите на Tesla, потврди сопственикот на компанијата Елон Маск.
Првите електрични товарни возила ќе пристигнат на 1 декември, а ќе му бидат доставени на американскиот гигант Pepsi.
Tesla сака да направи револуција во транспортниот сегмент, тврдејќи дека Semi ја има истата моќ како традиционалните (дизел) камиони, со подобри перформанси.
Кон крајот на 2017 година, Маск објави дека Semi ќе забрза до „стоткa“ за пет секунди, дури и со прикачена приколка.
Во случај да превезува 36 тони, бројката ќе се зголеми на 20 секунди, потсетува Autoexpress.
Автономијата на камионите на Tesla е 800 километри со максимална носивост и просечна брзина од 96 km/h.
Камионот е придвижуван од четири моќни електрични мотори, додека возачот е поставен во средината на кабината.
Тој ја набљудува сообраќајната ситуација користејќи два дисплеа (екран на допир), додека камерите ги заменуваат ретровизорите.
Semi има бројни безбедносни системи, како што се автоматска безбедносна сопирачка и предупредување за фронтален судир.