Најголемиот светски производител на автомобили, Toyota, се обидува да ја зголеми својата понуда на електрични автомобили, и покрај тоа што гледа на хибридите и водородните автомобили како дел од позелена иднина.
Минатата година Toyota претстави план за зголемување на производството на електрични автомобили, во кој ќе инвестира 28,31 милијарди евра. До крајот на деценијата планираат да продаваат 3,5 милиони парчиња годишно.
Исто така, Toyota објави дека откриле уште еден дефект кај моделот bZ4X, а тоа се воздушните перничиња кои би биле закана за патниците во автомобилот. Тие ги презеле потребните мерки за проверка на исправноста на нивната инсталација, а тие автомобили беа повлечени во јуни.
Производството на моделот bZ4X започна во вторникот, а продолжување на продажбата е планирано од 28 октомври. Сè уште не е позната временската рамка за почеток на продажбата на пазарот во САД, изјави главниот директор за технологија Масахико Маеда.
Тој тврди дека по повлекувањето, Toyota ќе ја ревидира проекцијата на производството и продажбата на електрични автомобили. Претходно планираа да произведат и продадат 5.000 автомобили на домашниот пазар во првата година.