Украинското Министерство за енергетика објави дека ќе го прекине извозот на електрична енергија откако руски ракети денеска ја погодија нејзината енергетска инфраструктура.
„Денешните ракетни напади, кои ги погодија термоцентралата и електричните трафостаници, ја принудија Украина да го прекине извозот на електрична енергија од 11 октомври 2022 година со цел да го стабилизира сопствениот енергетски систем“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството, пренесе Ројтерс.