Лавров: Руската нуклеарна доктрина предвидува само одмазднички мерки

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска изјави дека оние кои продолжуваат да шпекулираат за прашањето за нуклеарна војна и наводната руска нуклеарна закана треба да бидат свесни за сопствената одговорност.

На прашањето на ТВ-каналот „Русија-1“ за можноста за нуклеарна војна, Лавров рече дека претседателот Владимир Путин постојано објавувал дека руската „нуклеарна доктрина предвидува само одмазднички мерки, со цел да се спречи уништувањето на Русија преку директни нуклеарни напади или напади со други видови оружје кои претставуваат закана за постоењето на руската држава“, објави Тасс.

„Се надевам дека оние кои продолжуваат да шпекулираат за прашањето за нуклеарна војна и тврдат дека Русија создава провокации, со употреба на оружје за масовно уништување, ја разбираат сопствената одговорност“, посочи Лавров.

Лавров ги советуваше „Американците и нивните сателити“ и „не само нив, туку и нашите (руски) аналитичари и политиколози да покажат максимална одговорност кога ги искажуваат своите ставови во јавноста“, пренесе Танјуг.

Слични содржини