АМЕРИКАНСКИОТ технолошки гигант „Meta“, компанија која ги поседува Facebook и Instagram, е ставена на руската листа на „екстремистички“ организации, објави денеска руската државна финансиска агенција Росфинмониторинг, а јави режимската новинска агенција Интерфакс.
Да потсетиме, на почетокот на оваа година Русија ги забрани Facebook и Instagram. Тоа беше прва примена на неодамна донесениот руски закон за „екстремизам“ на странска технолошка компанија. Треба да се напомене дека пред рускиот напад на Украина, на тој список беа вклучени групи како Талибанците и Исламската држава.
Руските државни обвинители денеска наведуваат дека „Meta“ „намерно дозволилa говор на омраза против Русите, што создало алтернативна реалност во која се потиснува секоја проруска позиција и се поттикнува омраза“.
Во јуни, судот во Москва ја отфрли жалбата на „Meta“ против пресудата со која компанијата беше прогласена за виновна за „екстремистичка активност“ во Русија. Тогаш, адвокатот на „Meta“ пред судот изјави дека компанијата не е екстремистичка организација и дека се противи на ширење омраза против Русите.