257
Руската служба за државна безбедност (ФСБ) уапсила агент на Украинската служба за безбедност поради планирање терористички напад во Московската област, со употреба на два рачни преносливи ракетни система за противвоздушна одбрана „Игла“, соопшти денеска ФСБ.
Руската служба навела за ТАСС дека Украинецот, роден 1972 година, шверцувал „Игли“ од Киев преку Естонија во Русија подготвувајќи се да изврши терористички напад.
Уапсениот Украинец се покајал и соработува во истрагата.