Поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски денеска го слави 60-тиот роденден.
„Среќен роденден на Претседателот Црвенковски, мојот учител и пријател!Да славите уште многу јубилеи, да Ве има почесто и погласно“, напиша на фејсбук професорката Ана Павловска Данева.
Името на Црвенковски честопати беше споменувано изминатиот период во насока дека ќе се врати од „политичката пензија“, но овие информации досега не се потврдени од негова страна.