Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека обвинувањата на поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте за злосторства извршени од припадници на ОВК се „лажни вести“, пишува „Albanian post“.
Во денешното обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, Рама ја критикуваше резолуцијата на СЕ од 2011 година за нелегална трговија со органи на луѓе киднапирани на Косово, оценувајќи дека тврдењата на Дел Понте за вмешаност на членови на ОВК во трговија со органи се засновани на сомнителни извори.
„Ова обвинение се најде на насловните страници од Европа до Австралија и покрај тоа што обвинувањата во Косово беа категорично отфрлени. Најмистериозното прашање беше што го спречи моќниот обвинител да истражува понатаму“ – рече премиерот на Албанија.