ЕУ бара изборни реформи, нов изборен законик по препораките на ОБСЕ/ОДИХР

од Destan Jonuzi
184 прегледи

И на овогодишниот извештај на Европската комисија нотирани се забечешки за неспроведување на изборните реформи. Во извештајот се нагласува неспроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои главно се засноваат на потребата од креирање на целосно нов изборен законик.

Поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Енвер Салихи за „Локално“ вели дека најчесто измените на изборната регулатива произлегува од препораките од изборните органи, од овластените меѓународни организации, како Венецијанската Комисија и ОБСЕ ОДИХР, домашните невладини организации, од експертите и од политичките партии.

Енвер Салихи

Енвер Салихи

Според него, измената на изборнтата регулатива треба секогаш да биде како резултат на политички дијалог на политичките партии, а потоа давање на можност на изразување ставови од страна на невладините организации, а по претходно одржани јавни и стручни дебати во кои правните екперти би ги дале своите забелешки.

– Како итни препораки при секаква измена на изборниот законик е потребно: Усогласување или носење на нов изборен законик по сестрано консултирање на сите релевантни фактори. Усогласување на одредбата за платено политичко рекламирање која ствара нерамноправна положба за сите учесници во изборниот процес. Усогласување на бројот на гласачи во изборните едниници. Измена на сегашниот изборен модел и употреба на отворени листи и слично, потенцира Салихи.

Иако министерството за правда во неколку наврати ветуваше нов Изборен законик, работните групи на парламентарните политички партии и министерот за правда, кој требаше да седнат за да преговараат за модалитетите на измените, досега не е одржана средба во рамките на оваа иницијатива.

– Само една партија нема поднесено номинација за свој претставник. Работиме на формирање на работната група и мислам дека за многу краток период ќе излеземе со прес-конференција на која ќе ги добиете сите информации како ќе почнеме со работа и како ќе се одвиваат преговорите. Не сме заборавиле. Сакаме само процесот да биде консензуален, транспарентен и со учество на сите, изјави Никола Тупанчевски, министер за правда.

Освен иницијативата за нов изборен законик, неколкупати внатре и надвор од Собранието се дебатираше и за промена на бројот на избирачки единици, отворање на листите и спроведување на препораките на ОДИХР, но политички консензус се ушете не е пронајден.

Д.Ј.