Mansory претстави уште една модифицирана верзија на најновата генерација на Mercedes S класа, овде во изданието S 580.
Меѓу другото, Mansory подготви аеро комплет од јаглеродни влакна (преден спојлер, модифицирани браници, сет на прагови, заден дифузер, заден спојлер на покривот, спојлер на багажникот), LED светла, куќишта на ретровизори од јаглеродни влакна, модифицирана суспензија, спортски издувен систем, како и комплет нови тркала од 22 инчи.
Се нуди и рафинирана кожна внатрешност.
Под хаубата се наоѓа твин-турбо 4,0-литарски V8 со фабричка моќност од 370 kW/503 КС и 700 Nm, со 9-степен автоматски менувач и погон на четири тркала.