Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска предупреди на сериозни последици доколку Русија употреби какво било нуклеарно оружје во Украина.
„Ќе има тешки последици доколку Русија употреби каков било вид нуклеарно оружје против Украина“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел, по состанокот на министрите за одбрана на НАТО.