Пукање пред ЛГБТ бар во Братислава: Син на политичар уби две лица

од Берта Китинска
219 прегледи

Две лица се убиени во престрелка во Братислава, пред локал во кој се собираат припадници на ЛГБТ популацијата, додека трето е рането, а осомничениот напаѓач утрово бил пронајден мртов, соопшти полицијата.

Нападот се случил во средата вечерта во близина на барот Тепларен, блиску до центарот на словачкиот главен град, јавува Би-би-си.

Информациите за мотивот не се објавени, но локалните медиуми јавуваат дека осомничениот напаѓач објавил објави на социјалните мрежи кои укажуваат на анти-ЛГБТ и антиеврејски ставови.

Младиот човек, исто така, во словачките медиуми е идентификуван како син на поранешен кандидат на екстремно десничарска политичка партија.

Премиерот на Словачка, Едуард Хегер, денеска го осуди нападот, велејќи дека секоја форма на екстремизам е неприфатлива.

„Најостро го осудувам убиството на две млади лица застрелани синоќа во Братислава од радикализиран тинејџер. Ниту една форма на надмоќ, расизам и екстремизам против заедниците, вклучително и ЛГБТИ-заедницата, може да се толерира“, напиша на Твитер словачкиот премиер.

Слични содржини