Пјонгјанг: Презедовме силни воени противмерки како одговор на јужнокорејскиот оган

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Неколку часа по лансирањето на новата балистичка ракета, Пјонгјанг денеска објави дека презел „силни воени противмерки“ како одговор на јужнокорејскиот артилериски оган во близина на линијата на разграничување, се наведува во соопштението на севернокорејската војска, пренесува ТАСС.

„Според извештајот за непријателските движења на фронтот, јужнокорејската армија истрела артилериски оган околу 10 часот на 13 октомври во близина на одбранбената област на Петтиот корпус на Корејската народна армија“, рече портпаролот на Генералштабот на Корејската народна армија.

Северна Кореја истрела балистичка ракета со краток дострел во морето во близина на нејзиниот источен брег во петокот рано наутро, соопшти војската на Јужна Кореја.

Слични содржини