Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ги предупреди Украина и Западот да не го вклучуваат нивниот сојузник Русија, велејќи дека Москва има нуклеарно оружје со причина.
Во извадоци од интервју за американскиот телевизиски канал NBC, што го објави белоруската државна новинска агенција, Лукашенко рече дека најважно е да не го ставате во ќош вашиот соговорник, па дури и вашиот противник, објави Ројтерс.
„Значи, не можете да ги поминете границите – црвените линии, како што велат Русите. Не можете да ги поминете“, посочи тој.
Зборувајќи за нуклеарното оружје, Лукашенко изјави дека секое оружје е создадено за нешто.
„Русија јасно го кажа својот став: не дај Боже напад на територијата на Руската Федерација; во тој случај Русија може да употреби секаков вид оружје доколку е потребно“, нагласи Лукашенко.
Тој одделно изјави дека ја ставил Белорусија во, како што рече, состојба на зголемена терористичка готовност поради тензиите на нејзините граници.
Лукашенко го поврза овој потег со неговата изјава во понеделникот дека им наредил на белоруските трупи да се распоредат со руските сили во близина на јужната граница на Белорусија со Украина.
Белоруското Министерство за одбрана објави дека руската компонента на Регионалната група на сили ќе започне да пристигнува во Белорусија во следните неколку дена.