Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека протестите во Иран поради смртта на 22-годишната Махса Амини се изненадувачки и дека САД ги поддржуваат храбрите Иранки.
Бајден рече дека Иран мора да го прекине насилството врз своите граѓани со едноставно почитување на нивните човекови права.
Според иранската група за човекови права со седиште во Осло, во протестите во Иран загинаа повеќе од 100 луѓе.