178
Украинската нуклеарна централа Запорожје денеска е исклучена од електродистрибутивната мрежа на Украина по руското гранатирање, соопшти украинската компанија за атомска енергија „Енергоатом“.
„Руските терористи уште еднаш ги гранатираа трафостаниците на клучната инфраструктура на територијата на Украина, што резултираше со исклучување на последниот далновод на Запорожје – Дњепровска утрово во 03:59 часот“, се наведува во соопштението, пренесе „Ројтерс“.
Руските сили ја освоија нуклеарна централа во јужна Украина, најголемата нуклеарна централа во Европа, но со неа сè уште управува украински персонал.