Дали Rimac ќе претстави SUV модел?

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Одговорот на ова прашање го даде Матија Рениќ. Развојниот инженер на Rimac, кој ја имаше честа да „искрши“ 11 Never-и заради науката, но и првиот што се возел на Пељешкиот мост, даде неколку интересни изјави.

Така, можевме прво да откриеме дека Rimac размислува за многу подобри забрзувања и дека 1,85 секунди на Nevera (за забрзување до 96 km/h) е резултат на компромис.

Сега тој откри како стои Rimac кога се во прашање теренците, пренесе „Index“.

На прашањето на магазинот „The Drive“ да одговори дали Rimac може да произведе исклучително профитабилен SUV модел, Рениќ одмавна со главата и рече: „Никогаш. Така вели Мате (Римац)“.

Малку неочекувано бидејќи речиси сите ексклузивни производители „подлегнаа“ на SUV-манијата до денес, од Aston Martin преку Lamborghini до Ferrari. Ваквата цврста одлука е објаснета во следното прашање.

Имено, новинарот го прашал Рениќ дали Rimac ќе произведе поевтин модел во ценовниот дијапазон од 200.000 до 300.000 евра кој би можел да му конкурира на Ferrari F8, Рениќ одговорил: „Сакаме да останеме на страната на високите перформанси. Врвни перформанси, ексклузивност и мали серии“.

Кога се ќе се сумира, Rimac сигурно нема да оди под Nevera вооднос на цена и перформанси, што во превод значи два милиони евра за долната граница.

Слични содржини