Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин најави дека Русија и Украина денеска ќе разменат вкупно 220 затвореници.
„Денес размената се одвива според формулата 110 за 110. Ги враќаме жените во Украина. Ги разменуваме за 80 руски морнари, цивили заробени од Украина“, напиша Пушилин во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Пушилин додава дека ќе бидат разменети и 30 борци од Доњецката и Луганската народна република.