Венчавка на фронтот: Украинската снајперистка „Јованка Орлеанка“ се омажи, парот се запозна во војната

од Nikola Popovski
246 прегледи

На Денот на бранителите, национален празник во Украина, снајперката Евгенија го кажа своето судбоносно „да“ и тоа на првата линија на фронтот.

Познатата украинска снајперистка, офицер на вооружените сили на Украина Евгенија Емералд, која ја нарекуваат и „Јованка Орлеанка“, се омажи за својот избраник, исто така воено лице. Двојката се венча на првата линија на фронтот во регионот Харков. Свечената церемонија ја предводеше генерал.

Невестата била во бел фустан, а младоженецот во војничка униформа. Таа имала класови од пченица во замена за букет цвеќе. Двојката се венчала на првата линија на фронтот, на 14-ти октомври на Денот на ветераните, што се совпадна со роденденот на младоженецот.

– Денеска и официјално станав сопруга на воено лице. Тоа се случи на линијата на фронтот, а генералот на вооружените сили на Украина не фотографираше. Не можам да замислам посовршена венчавка! – напиша Евгенија Емералд на Инстаграм.

Младоженецот на снајперистот е војникот Евгениј Стипањук, кој исто така служи во редовите на вооружените сили на Украина.

Двојката се запознала по почетокот на војната. Во август, Емералд објави дека таа и нејзиниот избраник се вериле.

Познато е дека пред почетокот на војната, Евгенија Емералд се занимавала со накит. Со почетокот на конфликтот, таа се приклучила на одбраната, а потоа и во полкот на специјалните сили „Сафари“.