Лажни се дојавите за бомби на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград

од Nikola Popovski
192 прегледи

На пет локации во Белград, утврдено е дека дојавите за поставени бомби се лажни, а такви проверки се во тек и на уште неколку локации, соопштиле од српското МВР.

Според информациите на тамошното МВР, досега е утврдено дека дојавите за поставени бомби на аеродромот, во црквата Свети Марко, обложувалницата „Меридијан“ во Бањица, редакцијата на Курир и студентскиот дом „Карабурма“ биле лажни.

Дојавите за поставени бомби почнале да пристигнуваат нешто по 14:00 часот преку Интернет, пишуваат српските медиуми.

Во мејлот, кој, меѓу другото, пристигнал и на адресата на редакцијата на српски „Блиц“, упатени се грозоморни закани за „наводно поставен експлозив со ампули со нервен агенс“ на белградскиот аеродром:

„На аеродромот ‘Никола Тесла’ во Белград беа поставени 33 експлозивни направи, не зборуваме за евтини пластични експлозиви, туку за бомби Ц4, на кои се закачени ампули со нервниот агенс ‘Карфентанил’, како оној што вашиот голем пријател, еб**иот фашистички диктатор Путин ги користеше и на цивилите и на Чеченците во театарот Дубровка.

Тој немаше милост за нив, нема милост ниту сега кога бомбардира украински цивилни цели. Исто како што и вие, го**а едни четнички, немавте кога четите на Милошевиќ и Младиќ колеа, стрелаа и силуваа низ целиот регион. Не ја почувствувавте вистинската одмазда на вашето тело.

Ќе ви ја е**ме мајката на сите вас ​​четничко-путиновски го**а, како и на црвената банда, вашите пријатели и сојузници кога станува збор за репресијата и локалниот империјализам. Црвени го**а, не сте ништо подобри, си ги браневте Југославија и Советскиот Сојуз како геополитичка формација, бирократска бандо“, стои во мејлот, пренесува „Блиц“.

Слични содржини