Лавров: Руските дипломати на Запад работат во нехумани услови

од Nikola Popovski
115 прегледи

Нема смисла да се одржува претходно дипломатско присуство во западните земји бидејќи руските дипломати работат таму во услови кои тешко може да се наречат хумани, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во обраќањето пред колегите кои за првпат ги преземаат дипломатските должности.

Руските дипломати во западните земји постојано се соочуваат со проблеми и закана од стресни ситуации, а што е најважно за дипломатите, нема работа откако Европа ги прекина сите економски односи со Русија, рече Лавров, пренесе ТАС С.

Шефот на руската дипломатија посочи дека Западот застанал на страната на оние кои сакаат да го оживеат нацизмот, бидејќи ја поддржува Украина.

Во овие услови Русија се свртува кон земјите кои се подготвени за еднаква и заемно корисна соработка, рече Лавров.

Според него, земјите од таканаречениот трет свет во Азија, Африка и Латинска Америка сега заслужуваат посебно внимание на Русија за можна соработка.

Лавров рече дека сите дипломирани дипломати ќе бидат распоредени на работни места.

Тој посочи дека Русија со години предупредува дека создавањето закани на нејзините граници е неприфатливо, а режимот во Киев им забранил на Русите да го користат рускиот јазик во образованието, медиумите, културата и многу други сегменти.

Лавров потсети дека Киев осум години го бомбардираше Донбас, убивајќи, како што тврди, жени и деца, а Западот тоа не го осуди со ниту еден збор.

Слични содржини