Белорусија денеска соопшти дека почнала да ги повикува граѓаните да проверат дали ги исполнуваат условите за воена служба, но дека не планира мобилизација, пренесува „Ројтерс“.
„Активностите за воена регистрација и запишување се строго рутински и се очекува да бидат завршени до крајот на оваа година“, соопшти белоруското министерство за одбрана.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела објави дека Белорусија и Русија почнале да распоредуваат заеднички вооружени сили долж границите на земјата.
Како што истакна белорускиот лидер, одлуката за распоредување на заедничка група сили е донесена за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, а е поттикната од ескалацијата на непријателските активности на западната граница на Белорусија.