Подољак за евакуација на Херсон: „Реалноста може да боли“

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, изјави дека „реалноста може да боли“, откако претходно денеска заменик-шефот на руската администрација во Херсон, Кирил Стремусов, изјави дека битката за Херсон ќе започне во блиска иднина.

„Не помина ни месец од помпезната објава за припојување на Херсон и празничниот концерт на Црвениот плоштад, а веќе самопрогласената ‘градска управа’ свечено се евакуира во исчекување на украинската правда. Реалноста може да боли ако живеете во измислен свет на фантазија“, напиша Подољак во објавата на социјалната мрежа Твитер.

Претходно денеска Стремусов ги советуваше жителите на Херсон да ја напуштат територијата на градот доколку имаат можност.

Украина за евакуација на Херсон: Русија организира пропагандно шоу

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Јермак ја обвини Русија дека се обидува да организира „пропагандно шоу“ на територијата на окупираниот Херсон, откако претходно денеска заменик-шефот на руската администрација во Херсон, Кирил Стремусов, изјави дека битката за Херсон ќе започне во блиска иднина.

Тој нагласува дека Русија се обидува да го исплаши локалното население со лажни информации за украинското гранатирање на Херсон.

„Русите се обидуваат да ги исплашат жителите на Херсон со лажни приказни за украинското гранатирање на градот, а со евакуацијата организираат и пропагандно шоу“, посочи Јермак.

Слични содржини